30 ГОДИНИ ОД ПРВАТА ПОБЕДА НА ФУДБАЛЕРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ОД 4:1 ВО КРАЊ ПРОТИВ СЛОВЕНИЈА

WEB Телевизија во живо

На 13. октомври 1993 година во Крањ, започна историјата на нашата фудбалска репрезентација. Стартуваше со блескав триумф од 4:1 против Словенија. Зоран Бошковски – Чоко беше стрелец на првиот гол.
Најдобрата фудбалска репрезентација досега одигра 222 официјални натпревари, имаше победи и порази, радост и тага, сите тие меча останаа врежани во нас, но само еден вечно ќе се памети.
Само еден беше историски, а тоа е оној првиот на 13 октомври 1993 година, кога во Крањ ја стартувавме нашата историја со дуел против Словенија. Блескава победа од 4:1, прво па машко што се вели.

Првиот стрелец беше Зоран Бошковски – Чоко, и тој и неговиот гол, влегоа во историјата на оваа држава. ДОНЧО, ПАНЧЕВ, ЧОКО, ЦАПАР, ЧЕДЕ, ИЛИЈА…Македонија е самостојна држава од 1991 година, но две години подоцна доби шанса од ФИФА и УЕФА да настапува како посебна репрезентација. Тогашниот Фудбалски Сојуз на Македонија, сега ФФМ, се одлучи првиот меч да го одиграме во Крањ, на гости во Словенија и тоа на 13 октомври 1993 година. 

Селекторот Андон Дончевски имаше силен состав, тука беа Дарко Панчев, потоа Зоран Бошковски – Чоко, Драган Канатларовски – Цапар, Чеде Јаневски, Илија Најдоски и другите. Тогаш таа Словенија венија беше лесен залак, ја победивме со 4:1. Тој 13 октомври во Крањ, пред 25 години, со златни букви ќе биде запишан како датум на кој стартуваше нашата фудбалска репрезентативна историја. И веќе во 3. минута гол, водство. 

По додавањето на Дарко Панчев, Чоко Бошковски уште во 3. минута постигна гол, првиот за Македонија, На радоста и немаше крај. Следуваа головите на Панчев (37.минута), Чеде Јаневски (48.минута) и на Драган Канатларовски (51.минута) за голема победа од 4:1. Почесниот гол за домашните беше дело на Пате (40.минута). Дончевски на тој натпревар им даде шанса на следните момци: Зоран Мицевски, Кире Грозданов (63. Неџмедин Мемеди), Зоран Јовановски, Драган Канатларовски, Илија Најдоски, Чеде Јаневски, Зоран Бошковски (86. Ванчо Мицевски),Љупчо Марковски, Дарко Панчев, Бобан Бабунски (12.Горан Георгиевски, 73. Саше Милошевски), Тони Мицевски.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *