100 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ФК „КОЖУФ“ ОД ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Фудбалскиот клуб Кожуф е еден од најстарите фудбалски клубови во Македонија. Формиран е далечната 1923 година од минатиот век. Времињата и генерациите се менувале, а останувало исто името-Кожуф.Низ сите десет децении,почнувајќи од онаа пролет 1923 година, кога првите фудбалери го облекоа црвено-белиот дрес, името и бојата на дресовите остануваат исти. ФК „Кожув“ бил втор по старост регистриран клуб во поранешна Југославија, после ФК „Хајдук“ од Сплит. Овој голем јубилеј достоинствено се одбележува со пригодна програма и ревијален фудбалски натпревар помеѓу ветераните на „Кожуф“ и „Работнички“
 
А, се започнало во дуќанот на Ѓорѓи Кусеников, кога тој, заедно со уште неколкумина, а пред се со Славчо Камберов и Илија Капсаров, решиле да ги соберат најдобрите фудбалери во еден клуб. Долго размислувале за неговото име, имало предлози да се вика Југ, Македонија, Вардар, Беласица, но на крајот го усвојуваат предлогот, тимот да се вика Кожуф. Утредента, собрале 300 динари, отишле кај срескиот началник и зачлениле 25 лица. Така беше роден ФК Кожуф. Интересно е што во почетокот на своето постоење Кожуф играл на две игралишта, при дождливо време а особено зиме и напролет- мегдан било игралиштето кај касарната, додека во другите две сезони се играло на чаирите, зад железничката станица.
 
Во 1977/78 година и 1984/85 година, предводен од долгогодишниот тренер Цветко Трајковски, и фудбалерите како Петков – Шеки, голманот Никола Гелебешев, Велков Иван, д-р Узунов Боро, Ангов Митко, Василев, Бојаџиев, Мачуков, Дојчинов…ФК Кожуф го освоил високото 3 – то место во Првата македонска фудбалска лига, со што го постигнале најголемиот успех во историјата на клубот. Клубот ја освои Втората фудбалска лига – Исток во сезоната 1993/94. Поради тоа, екипата обезбеди учество во Првата фудбалска лига во сезоната 1994/1995 под името Кожуф Винојуг. На крајот на сезоната, екипата завршила на последното место и се вратила во Втората лига.
 
Историјатот на клубот вбројува многу фудбалски легенди чии имиња гордо оддекнуваат на трибините: Петрески, Дојранлиев, Моравцалиев, Митановски, Беќаров, Божинов,Танчевски, Дебников, Ристески, Караколев, Каракабаков, Кадиев, Најденовски, Костов, Лазаров, Еленски… Секако, најголемото име на овој клуб е Петко Петков-Шеки. Роден е во Гевгелија, во 1946 година а своите први фудбалски чекори ги започнал на 16 години во ФК „Кожуф“. Во својата 17 годишна кариера освен за својот „Кожуф“, настапувал и за „Победа“ од Прилеп, како и за „Борец“ од Велес. Каде и да настапувал, Петков ги воодушевувал сите љубители на фудбалот поради својата извонредна техника и бравурозните дриблинзи. Поради тоа навивачите на „Кожуф“ му го дале и прекарот Шеки. И денес, фудбалските стручњаци го сметаат Петко Петков за еден од најдобрите техничари што се појавиле на фудбалските терени во Македонија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *