СПЕКТАКУЛАРЕН ЗАВРШЕТОК НА ТУРНИРОТ ВО МАЛ ФУДБАЛ „НИКОЛА ГЕЛЕБЕШЕВ“

WEB Телевизија во живо

Со одигрувањето на натпреварите во финалето, и со доделување на наградите, пехарите и медалите на најдобрите екипи коишто машки се бореа за ги освојат првите места, официјално беше затворен двонеделниот турнир во чест на големото спортско име од Гевгелија, голманот Никола Гелебешев.,
Благодарејќи на одличната организација на навивачката група „Фантоми Север“, со поддршка од Општината, , Гевгелија достојно го одбележа сеќавањето на Никола Гелебешев, голманот на „Кожуф“ и еден од најдобрите голмани во Македонија во средината на минатиот век.
 
Честа да им ги врачат наградите на победничките екипи ја имаа градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов и синот на Никола Гелебешев, Коста Гелебешев.
Верувам дека фудбалскиот турнир „Никола Гелебешев“ ќе стане традиционален, со целосна логистичка и финансиска поддршка од локалната самоуправа, истакна во своето обраќање градоначалникот Сарамандов, на кого „Фантоми Север“ му врачи плакета за поддршката во реализацијата на овој турнир.
 
Инаку, од екипите генерација 2013/2014, првото место го освоија екипата на „У-10“ – Гевгелија, второто – „Пенови Инженеринг“, а третото – „Агро Бојмија“- Валандово. Во генерацијата 2011/2012, првопласирани се „КМХ Валандово“, второпласирани – „Кожув 1“, а третопласирани – „Кожув 2“
Првото место им припадна на екипата, којашто се натрпеваруваше од генерација 2009/2010, „Скара бар Тире“, второто на „Кафе бар Корзо“, а третото на „Месарница Маја“- Гевгелија. Додека, од екипите, генерација 2005/2008, први се „Мики Џа Гевгелија“, втори – „ЛПФ Кабрела“, а трети – „Барози бар “- Јосифово. За најдобар играч на Турнирот, е прогласен Ристе Миленковиќ, за најдобри стрелци се прогласени Филип Лазаров и Давид Ашовалиев, а најдобри голмани – Милан Савов и Мартин Делиманов.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *