ФИНАЛЕ НА МЕМОРИЈАЛНИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ „НИКОЛА ГЕЛЕБЕШЕВ 2023

WEB Телевизија во живо

Вечерва, сабота, 29 јули со почеток од 20,30 часот стартува големото финале на Првиот меморијален турнир во мал фудбал „Никола Гелебешев 2023“.
Изминатите две недели, на фудбалското игралиште на ДТВ „Партизан“, голем број на гевгеличани, секојдневно ги полнеа трибините и ги следеа возбудливите натпревари на растрчаните млади фудбалери поделени во четири категории, 05/08, 09/10, 11/12 и 13/14.
 
Гевгелија како да беше „главниот град“ на младинскиот и пионерски фудбал.
Благодарејќи на одличната организација на навивачката група „Фантоми Север“, со поддршка од Општината, , Гевгелија достојно го одбележува сеќавањето на Никола Гелебешев, голманот на „Кожуф“ и еден од најдобрите голмани во Македонија во средината на минатиот век. Неговата страст и посветеност кон фудбалот се чувствуваше во секој потег на младите фудбалери, учесници на турнирот.
 
Медалите и пехарите веќе ги чекаат победниците, иако за победници може да ги прогласиме сите оние екипи на млади фудбалери, кои, во овие жешки денови, ги „оставаа“ срцата на теренот за да бидат дел од вечерашното финале.
Сепак, мора да има победници, а кои ќе бидат тие, ќе дознаеме вечерва по завршувањето на финалните натпревари, кога, на главната церемонија, најдобрите ќе се закитат со медали и ќе ги подигнат пехарите.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *