АМБАСАДАТА НА СЛОВАЧКА ФИНАНСИСКИ ЌЕ ПОДДРЖИ ПРОЕКТ НА „ ГЕВГЕЛИЈА ТОЧАК КЛУБ“

WEB Телевизија во живо

Членови на „ Гевгелија Точак клуб“ вчера во Скопје беа примени од Амбасадорот на Словачка во Република Македонија, господинот Хенрик Маркус. При тоа, членовите на овој гевгелиски велосипедски клуб го запознаа амбасадорот со работата на клубот и нивниот нов проект „Gevgelija Cycling 4 All“ кој се подготвуваат да го имплементираат.
 
По приемот, претседателот на клубот, Венци Ристов изјави за „ТВ Нова 12“ дека при оваа посета е потпишан Договор за доделување на мал грант во износ од 4.388 евра на „Гевгелија точак клуб“ од страна на Словачката агенција за меѓународна развојна соработка (SAIDC), која е буџетска организација на Министерството за надворешни и европски работи на Република Словачка.
 
Инаку, проектот „Gevgelija Cycling 4 All“има за цел да го развива велосипедизмот, да ги обучува младите луѓе да користат велосипед многу почесто, и да го промовираат велосипедизмот преку активностите на „Гевгелија Точак Клуб“
 
Сепак,поголемиот дел од овие средства ќе бидат наменети за надворешно уредување на дворното место и зградата каде што во моментот се наоѓа седиштето на Гевгелија Точак Клуб.
 
Како што е познато, Словачкиот амбасадор, Хенрик Маркус е голем љубител на велосипедизмот, и голем пријател на Гевгелија и велосипедскиот клуб од нашиот град. Тој често ја посетува Геевгелија и нејзината околина возејќи велосипед сам или со својата фамилија. Хенрик Маркус е единствениот амбасадор во светот кој досега успеал да помине доволен број километри со својот велосипед во земјава, нешто што не му успеало на ниту еден од неговите колеги кои биле амбасадори во Македонија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *