ТИ-ЏЕЈ ШОРТС И ПУБЛИКАТА ВО ГЕВГЕЛИЈА НАЈЗАСЛУЖНИ ЗА ПОБЕДАТА НАД ДАНСКА!

WEB Телевизија во живо

По трилер натпреварот против Данска, која ја победивме по продолжение од 5 минути со 74-71, селекторот Јончевски и натурализираниот македонец, Ти-Џеј Шортс се едногласни во едно. Благодарение на навивачите нашиот тим успеа да се врати од бездната и на крајот да победи.
 
Ти-Џеј Шортс уште еднаш потврди дека е големо засилување за македонската кошаркарска репрезентација и имаше клучен ефект во драматичниот триумф над Данска.
Шортс постигна 33 поени и беше најефикасен на теренот, а по средбата во Гевгелија го истакнал одличниот прием, односно атмосфера од македонските фанови.
 
– Им благодарам на сите во публиката кои ни дадоа дополнителен ветер, а ние се оддолживме со играта. Се чувствувам како дома, како Македонец, благодарен сум на ваквата поддршка, – ја пренесува изјавата на Шортс, официјалната интернет страницата на кошаркарската федерација.
 
И селекторот на машката кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски, имаше свој коментар по тешко извојуваната победа во салата „26 Април“ во Гевгелија..
– Исклучително тежок натпревар. Имавме проблем да се кренеме. И на самото загревање мислевме дека работата е завршена бидејќи позначаен беше натпреварот против Норвешка кои имаа 2-0 кога дојдоа тука, додека Данска дојде со три порази.Притисокот беше на наша страна и тоа се виде на натпреварот. Погодуваа тешки шутеви што не беше карактеристично за нив на натпреварите од досегашниот циклус. Имавме проблеми под кошевите, но некако успеавме да се вратиме, иако не одеше ништо во наша полза, а тие имаа контрола на играта.Благодарение на навивачите успеавме да се вратиме. Им се заблагодарувам на сите во публиката, тука, во Гевгелија, бев две ипол години и можам да кажам дека денеска публиката беше најжешка.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *