ДЕНЕСКА Е СВЕТА МАРИЈА МАГДАЛЕНА

WEB Телевизија во живо

Бидејќи според заслугите во одбраната на христијанството е рамна на апостолите Марија Магдалена е наречена рамноапостолна Мироносица. Родум од местото Магдала крај Генисаретското Езеро, од племето Исахарово. Претходно мачена од седум зли дуохви, од кои ја ослободи Господ Исус и ја направи здрава. Верна следбеничка и служителка на Господ за време на Неговиот земен живот. Стоеше под Крстот на Голгота заедно со Пресвета Богородица и тагуваше горко. По смртта на Господ трипати го посети Неговиот гроб. Кога Господ воскресна, Го виде двапати: еднаш додека беше сама, а вторпат заедно со останатите жени Мироносици. 

Патуваше во Рим, излезе пред кесарот Тибериј и предавајќи му црвено обоено јајце го поздрави со зборовите: „Христос воскресна!“ Тогаш пред кесарот го обвини Пилат за неправедната осуда на Господ Исус. Кесарот го прими нејзиното обвинение и го премести Пилат од Палестина во Галија, каде што овој неправеден судија и заврши, во царска немилост и во тешка болест. Потоа од Рим се врати во Ефес кај Св. Јован Богослов, на кого му помагаше во делото на проповедањето на Евангелието. Со огромна љубов кон воскреснатиот Господ и со голема ревност му го јавуваше на светот Евангелието, како вистински Христов апостол. Се упокои мирно во Ефес и според Преданието погребана е во истата пештера во којашто беа чудотворно успиени во стогодишен сон Седумте отроци, после оживеани, па повторно умрени (под 4 август). Моштите на Света Марија Магдалина подоцна се пренесени во Цариград. Во близина на Гетсиманската градина се наоѓа прекрасен руски храм којшто е посветен на оваа светителка

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *