СО 18-ОТ ПО РЕД ГОДИШЕН КОНЦЕРТ АНСАМБЛОТ „БОЈМИЈА“ ПОВТОРНО ЈА ВООДУШЕВИ ГЕВГЕЛИСКАТА ПУБЛИКА

WEB Телевизија во живо

Вчера, во Гевгелија, пред преполнетата сала на Градскиот театар, Ансамблот „Бојмија“ го одржа својот 18 по ред Годишен концерт. На сцената во Големата сала на Народниот театар, најнапред, со сплет Русалиски игри, беше претставен новиот проект „Обновување на русалиските игри во Гевгелиско“, проект на кој работеа“,Владимир Јаневски, доктор по фоклкористика, како и уметничкиот раководител и кореограф на гевгелискиот ансамбл, Никола Миовски и Димитар Делев, и пред се Јован Митров од Петрово. Со овој проект се обновуваат русалиските игри во гевгелиско, кои се врвен извор на македонскиот фолклор и културната традиција на македонскиот народ. Се работи за песните: „Бој се бие“, „Собрале ми се набрале, како и русалиските игри и обичаи: „Маршот“, „Кушијата“, Тодоро Биро Капидан“ и „Шарено оро. Потоа, пред присутните, членовите на сите возрасни групи одиграат кореографии од својот бога фолкорен репертоар, со кој овој ансамбл достојна го презентира македонскиот фолклор на сите гостувања во земјата и во странство.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *