ОВАА ГОДИНА МАТУРАНТИТЕ НЕМА ДА ГО ЗАИГРААТ МАТУРСКИОТ КВАДРИЛ

WEB Телевизија во живо

Околу 200 матуранти од СОУ „Јосиф Јосифовски„ од Гевгелија под менторство на професорката Виолета Аризанова, точно на пладне, на 19-ти мај 2017-та година го заиграа матурскиот квадрил на шеталиштето во Гевгелија на музиката од Штраусовата опера „Лилјакот”.
Заедно со матурантите од Македонија, квадрилот го играа и матуранти од 15 европски држави и 120 градови.
 
„Нека овој матурски танц остане засекогаш во вашите сеќавања а животот да ви биде како и овој танц, исполнет со радост, разиграност, дугарство, но и одговорност кон животните обврски, кои допрва ве очекуваат како вредни, работливи и успешни граѓани на нашата држава Република Македонија. „- им порача преку Македонското радио, тогашниот градоначалник Иван Франгов.
 
Оваа година, како што велат надлежните, поради штрајкот на просветните работници, ситуацијата со ковидот и немањето доволно време за подготовка, нема да можеме да ги погледнеме гевгелиските разигранит матурантки и матуранти, и експлозијата од прекрасни бои кои ќе го разубавеа центарот на нашиот град. Затоа ни останува да се потсетиме како на денешен ден пред 5 години изгледаше центарот на Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *