МАГДА АНГОВА „ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО СТАНУВА СЕ ПОЧЕСТ ПРОБЛЕМ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА“

WEB Телевизија во живо

Врсничкото насилство односно булингот е се почест и горлив проблем со кој се соочуваат се голем број основци и средношколци во државата. Насилството помеѓу врсниците често останува недетектирано, непрепознаено од страна на стручните лица во училиштата, а премолчано од страна на жртвите на булингот. Токму тоа беше повод, Општина Дојран, односно координаторката за еднакви можности помеѓу жените и мажите од општината, Магда Ангова да организира предавање со стручни лица на оваа важна тема за младите кои се уште се во фаза на раст и развој.                                                                  

Во соработка со стручни лица од Центарот за социјални работи Гевгелија, психологот Сашка Карајанова, педагогот Софија Ручкоманова и образовниот асистент, односно дипломиран социјален работник Анита Василева извршија обуки на сите ученици од основното училиште “Кочо Рацин” од Нов Дојран. Тимот дури и ги посети сите подрачни училишта во населените места од општината и разговараа со учениците и наставниот кадар. Задоволството од обуката беше обострана, а децата покажаа огромен интерес за работилници од ваков тип кои ќе се одржуваат интензивно од следната учебна година.                                    

Заклучокот од предавањата е дека насилството не смее да се толерира, уште помалку да биде премолчено и жртвата емотивната болка од насилството да ја потиснува во себе. Учениците даваа свои примери, некои од нив за жал биле и жртви на врсничко насилство, а голем број изјавија дека биле и сведоци на булинг, односно врсничко насилство.
 
Помош постои, истата само треба да се побара, беше слоганот на неколкудневните работилници кои се одржаа во Општина Дојран, односно основното училиште “Кочо Рацин”.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *