БОЈАНА ТАНОВА: ИМАМЕ ТАЛЕНТИРАНИ ДЕВОЈЧИЊА КОИ ГО САКААТ ФУДБАЛОТ

WEB Телевизија во живо

Во периодот од 16 до 20 мај во Нов Дојран се одржа летен камп за млади фудбалерки родени 2008, 2009 и 2010 година. На самиот камп учество зедоа 37 талентирани девојчиња од цела Македонија кои се активни фубалерки во своите клубови.
 
Како што не информираше еден од тренерите, Бојана Танова, овие млади фудбалерки имаа тренинг два пати во денот, а се работи за селектирање на млади фудбалерки за У-15 државната селекција. Според Танова тие посветено и сериозно тренираат иако се млади, и ги слушаат советите на нивните тренери. Танова исто така истакна дека освен што се вљубеници во фудбалот, сите тие се и одлични ученици.
 
Целта на овој проект е да се едуцираат и селектираат млади девојки што го сакаат фудбалот. Се одржуваат по два тренинга дневно, а со младите фудбалерки работат лиценцирани тренери и професори по физичко образование: Катерина Милевска, Бојана Танова, Драги Атанасовски, Станкица Аанасова и Јовица Блажевски.
Координатор на овој проект, кој е започнат од 2019 година е Добре Димовски, поранешен селектор на женската репрезентација на Македонија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *