МИРЈАНА КРСТЕВА МАССЕТИ УЧЕСНИК НА ЛИКОВНАТА КОЛОНИЈА „ДРЕН“ ВО ПРИЛЕП:„СОЗДАДОВ ДЕЛА КОИ ЗРАЧАТ СО ОПТИМИЗАМ И ДРУГАРУВАЊЕ“

WEB Телевизија во живо

По 13-ти пат, во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп се одржа веќе традиционалната ликовна колонија „Дрен“, на која годинава освен што твореа сликари, дела во метал создаваа и скулптори.
Освен Массети, своите инспирации на платно на колонијата ги пренесоа сликарите Мирослав Живковиќ и Снежана Малетин од Србија, Александра Петкова
– Џианели, Буба М. Солак, Драган Најденовски, Новица Трајковски, Владимир Темков, Тони Чатлески, Стефан Малбашиќ и скулпторите Слободан Милошески и Марјан
Стојаноски.
„За нас колониите се многу важни, особено по година ипол што бевме затворени со коронакризата. Ќе оставам мал дел од себе, дела што ќе го збогатат фундусот на колонијата. Ова лето сум инспирирана од дружењето и тоа ќе го пренесам на платното“, вели Крстева-Масети.
Синоќа, на завршната вечер, во присуство на Билјана Туџаровска Ќупева, шеф на кабинетот на министерот за култура, беше означен крајот на еднонеделното дружење и творештво на уметниците, кои создадоа вредни дела.
Заблагодарувајќи се, Јасмина Мицовска Станкоска, директор на ЦК”Марко Цепенков” на уметниците им врачи признанија за нивното учество на колонијата.
Делата создадени на годинашната колонија, која се одржува со поддршка на Министерството за култура, наесен ќе бидат претставени на изложба.
Досега на колонијата се создадени околу 350 дела кои се во трајно наследство на Центарот и на државата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *