ЗПСК „КОЖУФ“ ЗЕДЕ УЧЕСТВО НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПЛАНИНИТЕ „ПЛАЧКОВИЦА 2023“

По повод одбележување на Светскиот ден на планините 11 Декември, во неделата, на 10 декември се одржа акција насловена како „Плачковица 2023“, а по повод 11.декември-Светскиот ден на планините. Организатори беа Друштвото за планинарски спортови „Лисец“ од Штип и Федерацијата на планинарски спортови на Македонија. Во склоп на овој ден се одебележа и јубилејот- 75 години од формирањето на Федерацијата на планинарски спортови и 90 години од првата планинарска активност во Македонија.
 
Над 700 планинари од Македонија, Србија и Бугарија, меѓу кои и планинарите од ЗПСК „Кожуф“поминаа прекрасен ден кој долго ќе го паметат исполнет со многу сонце, снегче, и толку многу луѓе со позитивна енергија и заедничка забава со доделувања на признанија и награди во планинарскиот дом Вртешка.
ЗПСК „Кожуф“ доби признание за организирање на настанот “АЈДЕ СИТЕ ЗАЕДНО ВО ПРИРОДА”, заедно со Фондацијата „Ице Бегов“, прво инклузивно планинарење за лицата со попреченост.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *