ЗПСК „КОЖУФ“ ПО ШЕСТИ ПАТ ГО ОРГАНИЗИРАШЕ МЕМОРИЈАЛНИОТ ПЛАНИНАРСКИ МАРШ ЃЕОРГИ ПЕТКОВ

Во неделата, на 19 мај 2024 година, ЗПСК КОЖУФ, по шести пат, со искачување на врвот „Мала рупа“, висок 2004 метри, го организираше Меморијалниот марш во чест на долгогодишниот член на овој клуб, д-р Ѓеорги Петков. Петков беше еден од најактивните високогорци во клубот и во минатото ги имаше искачено врвовите Арарат 5137метри, Аконкагва 6962метри, Килиманџаро 5895метри, Елбрус 5642метри, Пик Ленин 7134метри, Исланд Пик 6198метри , Денали 6190метри.
 
Во 2018 година Ѓеорги зеде учество во експедиција за искачување на највисокиот врв на светот Монт Еверест, висок 8848метри, ,но тука сонот на Д-р Ѓеорги Петков заврши и неговата најголема желба, да се искачи на „покривот на светот“остана само сон.
Како негов матичен Клуб ЗПСК „Кожуф“во сеќавање на неговиот лик и дело и сета заложба и љубов која тој ја даваше за планините и планинарскиот спорт, го организира овој Меморијал.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *