ЗП ГЕВГЕЛИЈА НАСТАПИ НА РЕПУБЛИЧКАТА РЕВИЈА НА ПЕСНИ, МУЗИКА И ИГРА ВО СКОПЈЕ
На 08.06.2024 година, во Дом на АРМ Скопје, се одржа 14 -та по ред Републичка ревија на песни,музика и игри.
Оваа манифестација беше реализирана во организација на СЗПМ, а на истата учество зедоа 26 здруженија на пензионери.
ЗП од Гевгелија исто така се претстави со својата пеачка група, со перформанс соло песна „Софка на татко“ со што во најдобро светло го претставија ЗП Гевгелија.
Најдобрите од оваа ревија а во избор на Стручното жири ќе земаат учество во Љубљн, Република Словенија.