ЗОШТО ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ – 15 МАЈ НЕ Е НАЦИОНАЛЕН ПРАЗНИК ?

Вчера, сабота, 15 мај, беше Денот на Македонското знаме. Актуелното државно знаме беше усвоено во Собранието во 1995 година. Од 2010 година досега, со одлука на Владата беше воведена практика за подигнување на македонското знаме на јарболите во државата, но таа очигледно повеќе заживеа меѓу граѓаните и на социјалните мрежи, и меѓу македонската дијаспора отколку во државата како посебен национален празник. А, тоа, Знамето, заедно со химната и грбот, е суштествен државен белег на секоја земја и обележје со кое се идентификуваат секој народ и држава.

„Знамето е олицетворение на една нација, нејзиниот народ и историја, тоа е многу повеќе од само едно парче ткаенина за територијално обележје“. На овие зборови кои ги кажал некогашниот американски претседател Вудро Вилсон за значењето на националното знаме за една држава и нација, треба да се потсетиме секогаш на 15 мај кога Македонија го одбележува Денот на македонското знаме, но и да се запрашаме зошто сеуште овој ден не е прогласен за официјален национален празник?

 

Од 2010 година досега, со одлука на Владата беше воведена практика за подигнување на македонското знаме на јарболите во државата, но таа очигледно повеќе заживеа меѓу граѓаните и на социјалните мрежи, и меѓу македонската дијаспора отколку во државата како посебен национален празник. А, тоа, Знамето, заедно со химната и грбот, е суштествен државен белег на секоја земја и обележје со кое се идентификуваат секој народ и држава.

Практиката за почитување на националните симболи, особено на знамето на државата, секаде во светот е на највисоко можно ниво. Типичен пример за највисока почест кон знамето може да се види во Америка, која на 14 Јули го празнува своето национално обележје.
Имено, оваа држава положува големо внимание на употребата на својот национален симбол, а тоа е видливо на сите телевизиски филмови, музички спотови, но и на големите спортски настани пресликани во мечевите на најсилната кошаркарска лига НБА. На секој агол, од секоја улица и дури со закон на домовите од куќите задолжително се вее американското знаме.
Овој празник на Денот на македонското знаме, доколку биде прогласен за национален празник, би ги зголемил чувствата за патриотска поврзаност во нашата земја, во екот на тешките времиња, кога се води битка на повеќе фронтови за одбрана на македонскиот идентитет. 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *