ЗОШТО ДЕДО МРАЗ А НЕ СВЕТИ НИКОЛА?

Во многу земји од светот за симбол на Нова Година традиционално е сметан токму Дедо Мраз.
Секој народ си го нарекувал по свое. Финците – Јолу Пуки , Хрватите Деда Мраз , Турците Ноел Баба , Французите Пер Ноел , а Грците , пак воопшто не го споменуваат , туку за личност која им носи подароци и секакви добра во Новата Година го сметаат Свети Василиј Велики.
Иако се чини дека овој добар старец со бело снежна брада постоел отсекогаш , сепак тој станал символ на новогодишните празници пред само околу 200 години.
Изгледот на Дедо Мраз се создавал постепено и секој народ во него внесувал по нешто свое , но негови задолжителни атрибути биле белите мустаќи и брада , ракавиците и торбата со подароци.
Денес тешко е да се најде човек што не знае кој е Дедо Мраз. Ликот на моќниот и дарежлив старец со црвен капут во сфаќањето на современите луѓе нераскинливо е поврзан со Божикните подароци , елки , со празничната атмосфера и радост.
Исто така , на многумина денес им е јасно дека зад тој лик од бајките има потполно реален прототип – Светиот Николај Мирликиски , епископот Ликиски и на градот Мир , којшто живеел во IV век.
Ликот на Свети Никола, познат по долгиот црвен капут и белата брада, во многу земји низ светот послужил како пример за Дедо Мраз, кој во христијанската култура се смета за човек кој разнесува подароци на санка влечена од ирваси.Една легенда вели – Дедо Мраз потекнува од Свети Никола, кој бил бискуп познат по својата великодушност и љубов кон децата. Една од славните приказни за неговата великодушност кажува дека тој еднаш на еден сиромашен човек му фрлил цела вреќа со богатство, која требала да му послужи како мираз за неговата ќерка, која инаку требала да биде продадена како робинка.
Сиромавиот човек златото го криел во своите чизми, кои се сушеле покрај печката. Затоа денес децата ги оставаат своите чизми покрај врата, за Свети Никола да им даде некаков подарок.
Во 1822 година , спроти празникот Рождество , професорот по источна и грчка литература при Колумбискиот Универзитет (подоцна и професор во Њујоршката семинарија), пасторот Клемент Кларк Мур им составил на своите шест деца бајка во стихови , во којашто главна улога играл Санта Клаус (никаде и никогаш претходно Св. Николај не бил прикажан како некоја личност од бајките).
Во таа малечка поетска приказна Санта Клаус се појавува во ноќта пред Рождество и со огромна торба на плеќите се спушта по оџакот во домот за да раздаде подароци за дечињата. Тој бил прикажан во вид на некако весел и жизнорадосен стар вилењак , со издаден стомак и со пура. Децата на пасторот во тој херој веднаш го препознале својот љубимец – слугата и помошникот на Мур , дебелиот и весел Холанѓанец. Но во стиховите на нивниот татко , тој се појавил пред нив во капут со бела брада и црвен нос.
Санта Клаус кај Мур патувал на санка со 8 елени , а за неговото приближување сведочело крцкањето на санката и мелодичниот звук на ѕвончињата, врзани на вратовите на елените.
Клемент Мур немал намера да ја објави својата бајка. Задоволен од восхитот и радоста на семејството, тој го положил ракописот во своето биро и веќе не спомнал за него. Но , еден од другарите на Мур , без негово знаење ја испратил оваа приказна до весникот Sentinel, во малиот американски град Трој , држава Њујорк.
Овој Божикен расказ на Мур бил испечатен во 1823 година, спроти Божик и успехот бил зачудувачки. Сите весници и магазини се натпреварувале да го отпечатат расказот , а наскоро се појавиле и одделни негови изданија. Така Клемент Мур , без да сака, станал класика на американската литература , а Санта Клаус влегол во секојдневниот живот на милиони американци.
Првото , општо познато уметничко изображение на Санта Клаус , било создадено во 1862 година од страна на карикатуристот Томас Наст. Следните 24 години тој редовно го цртал него на кориците на популарниот магазин Harper’s Weekly.
Најпосле во 1930 година американската компанија Кока Кола смислила итар рекламен трик , за нејзините производи да не се забораваат ни лете , ни зиме – уметникот од Чикаго Хедон Сантблом , го нацртал Санта Клаус во црвено белите бои на Кока Кола. Притоа одново , како и во случај со слугата на пасторот Мур , прототип за изгледот на Санта на Кока Кола бил еден потполно реален човек – другарот и сосед на уметникот Лу Прентис , со кого тој и заеднички го нацртал за денес сите познатиот старец во црвено-бел крзнен капут. Така се родил современиот изглед на Санта Клаус.
Денес, за жал, Дедо Мраз е само еден помошен реквизит на потрошувачкото општество чијашто задача е да ја стимулира продажбата. Психолозите одамна го забележале тој феномен , дури и оние што немаат врска со Христијанството , за време на Божикните празници покажуваат празнично настроение и спремност да им подаруваат подароци на најблиските.
Во сета таа празнична еуфорија има една тажна околност : во многубројните метаморфози на митскиот Санта , ликот на Свети Никола постепено се замаглувал , бледнеел и најпосле скоро потполно исчезнал , така што да ги најдеме неговите црти во денешната личност на Кока Кола , е практично невозможно.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *