ЗОРАН ЗАЕВ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА КАКО ПРЕМИЕР И ЛИДЕР НА СДСМ

Премиерот Зоран Заев поднесе оставка како премиер и лидер на СДСМ по денешниот втор круг од локалните избори. Пред да каже дека поднесува оставка, тој им честиташе на противниците на победата на локалните избори.
„Во името на СДСМ им ја честита на нашите опоненти победата на овие локални избори. Ја преземам одговорноста заклучно со резултатите на вие избори. Поднесувам оставка како премиер и претседател на СДСМ“, изјави Заев на прес-конференција, додавајќи:
„Останувам на старото, не треба да има вонредни парламентарни избори. Ќе останам периодов додека треба, да се организира нова влада со прогресивно мнозинство кое го има, а може и да се прошири“.
„Горд сум што ја внесовме заедно земјата во НАТО. Лани добивме препорака за почеток на преговорите со ЕУ. Попис спроведовме. За нас прогресивните кои им се радувавме на овие успеси, за жал дојде политичка казна. Разочараност за мнозинството кое ги избра истите кои пред само четири години тргнаа да убиваат луѓе во парламентот. Се здружија жртви и насилници. Јас сум донел слобода и демократија, а демократијата подразбира поднесување одговорност“, кажа Заев.
May be an image of 7 people and people standing
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *