ЗКУД „НЕГОРЦИ“ УЧЕСТВУВА НА ФЕСТИВАЛ ВО ТРСТЕНИК, РЕПУБЛИКА СРБИЈА

Вечерва, сабота, 29 април, со почеток од 19 часот ЗКУД „Негорци“ ќе земе учество на 23-от Меѓународен детски фестивал „За радост на сите“

Минуваат години, генерации доаѓаат и си одат, традицијата на детскиот фолклорен фестивал, ЗА РАДОСТ НА СИТЕ, продолжува!

Организациски, некогаш полесно, некогаш потешко, со стари и нови пријатели, на крајот на април „Трстеник е најмладиот, најубавиот, најразиграниот и најраспеаниот град во Србија“.
 
Годинава (од хуманитарен карактер „…за насмевка на Лена“), по 23-ти пат децата од Трстеник, Србија, Македонија и Република Српска, ќе го претстават наследството на своите предци!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *