ЗГОЛЕМЕН МОРТАЛИТЕТОТ И ВО МАКЕДОНИЈА И ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ВО 2020 ВО ОДНОС НА 2019. ЕДНА ОД ПРИЧИНИТЕ Е ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19.

Во општина Гевгелија, според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година починале 309 лица, од кои 166 машки, за разлика од 2019, кога тој број изнесувал 276. Само во периодот јануари-мај 2021 година, во општината починале 140 лица.
Според истите податоца, во Република Македонија бројот на умрените лица е зголемен за 26.0 % во однос на претходната година и изнесува 25 775 умрени лица. Поголем број се од машки пол, и тоа 13 914 или 54.0 % од вкупно умрените лица. Според месецот на смртта, најголем број случаи се во месец ноември (3 847).
Како и во минатите години, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, според МКБ-10 (шифра I00-I99), и тоа во 41.6 % случаи од вкупно умрените, неоплазмите (шифра C00-D48) со 15 %, потоа следат умрените лица како последица од пандемијата на КОВИД-19 (шифра U07) со 11 %, со 6 % се застапени случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99), додека умрените кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести (шифра Е00-Е90) се застапени со 5 % од вкупно умрените, а со 4 % се умрените лица кај кои причина за смрт се болестите на нервниот систем и следат останатите, но со помала застапеност.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *