ЗАПОЧНУВА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ОДДЕЛЕНИЈАТА ЗА ХИРУРГИЈА,ОФТАМОЛОГИЈА И УВО НОС И ГРЛО ПРИ ОПШТАТА БОЛНИЦА ВО ГЕВГЕЛИЈА. ХИРУРШКИТЕ ПРЕГЛЕДИ И СИТНИ ИНТЕРВЕНЦИИ ЌЕ СЕ ОБАВУВААТ ВО МОДУЛАРНАТА КОВИД БОЛНИЦА
Заврши комплетната реконструкција на невропсихијатриското одделение во Општата болница со проширена дејност Гевгелија, која траеше изминатите десеттина дена. Како што денес ни изјави директорот д-р Митко Крџев, сега ќе се пристапи кон реконструкција и на целото хируршкото одделение, како и на одделенијата за офтамологија и на уво нос и грло. Изведбените работи, кои опфаќаат замена на столаријата, поставување на ново осветлување, како и молеро-фарбарски зафати во овие одделенија е предвидено да завршат до крајот на месец јули. Додека трае реконструкцијата на одделението за хирургија, посочи директорот Крџев, операциите кои не се итни ќе бидат презакажани, додека прегледите и малит, а интервенции ќе се изведуваат 24 часа во модуларната ковид болница, која беше затворена кога беше отпуштен и последниот инфициран пациент кој се лекуваше во неа., а која беше потоа комплетно исчистена и дезинфицирана.