ЗАПОЧНА ВАКЦИНИРАЊЕТО НА МЛАДИТЕ. ПРЕКУ ТЕРЕНСКА ВАКЦИНА ДО СЕГА СЕ ВАКЦИНИРАНИ 996 ГРАЃАНИ ОД НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА.

Во Гевгелија имунизацијата на деца и млади од 12 до 17 години започна вчера со апликација на вакцината на Фајзер. Родителите со своите деца може по своја волја да се појават директно на пунктовите за вакцинација, а во здравствените домови ќе бидат достапни и педијатри за советување. Вакцинацијата против Ковид-19 не е задолжителна во Македонија, но е неопходна за да се постигне колективен имунитет. Според Министерството за здравство, пријавени се околу 1.800 деца, а во Гевгелија за вакцинација се пријавиле 40 деца. За нив вакцинирањето е со закажан термин преку апликацијата vakcinacija.mk. Инаку, преку теренската вакцинација во населените места на Општина Гевгелија и соседните општини, за кои е надлежна Општата болница- Гевгелија, до денеска се вакцинирале 996 граѓани и тоа од: Богородица; Стојаково, Селемлија, Милетково, Миравци, Давидово, Габрово, Петрово, Негорци, Кованец, Нов Дојран и Стар Дојран, Мрзенци, Прдејци, Смоквица, Николиќ и Црничани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *