ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА НЕВРОПСИХИЈАТРИСКОТО И ХИРУРШКОТО ОДДЕЛЕНИЕ ПРИ ОПШТАТА БОЛНИЦА СО ПРОШИРЕНА ДЕЈНОСТ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Од вчера започна комплетната реконструкција на невропсихијатриското одделение во Општата болница со проширена дејност Гевгелија, која е предвидено да трае десеттина дена. Потоа, како што ни изјави директорот д-р Митко Крџев, ќе се пристапи кон реконструкција и на целото хируршкото одделение. Изведбените работи, кои опфаќаат замена на столаријата, поставување на ново осветлување, како и молеро-фарбарски зафати во двете одделенија е предвидено да завршат до крајот на месец јули. Како што известивме, новата хируршка сала е веќе изградена и опремена, и се чека персоналот да биде дообучен, за да истата биде ставена во употреба. Со реконструкцијата на двете оделенија, со новата хируршка сала, како и со новиот рентген апарат кој е добиен од Јапонската амбасада, изјави Крџев, ќе бидат подобрени здравствените услуги кои се даваат на пациентите како и условите за нивен престој во болницата. Додека трае реконструкцијата на невропсихијатриското оделение, пациентите привремено ќе бидат сместени на интерното оделение, додека амбулантата продолжува да си работи според предвиденото работно време.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *