ЗАПОЧНА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА ЧЕТВРТОТО ИЗДАНИЕ НА ТРКАТА „NOVEMBER RUN GEVGELIJA 2024.“
Четвртото издание на трката November run Gevgelija ќе се одржи на 9-ти и 10-ти ноември 2024 година, каде учесниците ќе можат да трчаат на 5 или 10 километри, како и на детската трка за деца родени 2011 година и помлади и на трката Run Together организирана заедно со Фондација Ице Бегов.
Во тек се пријавите за сите трки, а оние кои сакаат да се пријават, тоа може да го сторат на http://novemberrun.com/
Сите учесници добиваат маичка, стартен број со чип и финишер медал.
Организаторот информираше дека веќе има над 100 пријавени учесници на сите трки, меѓу кои ги има и првите странски пријавени учесници. Оваа година заради подобар квалитет на трката ограничен е бројот на учесници на сите трки, со што доколку се исполни бројката на учесници, пријавите за таа трка може да бидат затворени порано.
Станете дел од трка што ги поместува границите и инспирира.
November Run Gevgelija 2024 не е само обична трка, тоа е настан што го обединува духот на сите учесници, без разлика дали сте професионален спортист или само љубител на активниот живот.
Приклучете се на оваа уникатна трка која ќе ве мотивира да ги достигнете вашите лични врвови, додека уживате во атмосферата на Гевгелија.