ЗАПОЧНА МАШИНСКОТО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДСКАТА ПАТЕКА НА БУЛЕВАРОТ „ГЕВГЕЛИЈА“

Започна машинското обележување на велосипедската патека во општина Гевгелија. Имено, во тек е првата фаза од исцртувањето на патеката долж булеварот „Гевгелија“, од кружниот тек на крстосницата со улица „7 Ноември“ до влезот на Гевгелија од страна на фирмата задолжена за годинашното машинско обележување на хоризонтална сообраќајна сигнализација „МС СТОП ИНЖИНЕРИНГ“ од Струмица. Според склучениот договор, велосипедската патека ќе биде обележана на површина од 2000 метри квадратни, со црвена боја. Велосипедската патека, како и обележувањето на спортските игралишта во општина Гевгелија, за првпат се дел од планот за обновувањето на хоризонталната сигнализација со машинско обележување за 2021 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *