ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ИНКЛУЗИВЕН ПАРК ВО ГЕВГЕЛИЈА – „ИЦЕ БЕГОВ“

Откако општина Гевгелија обезбеди основен проект, Фондацијата „Ице Бегов“ започна со изградба на нов инклузивен парк во центарот на Гевгелија.
Модерното и динамично живеење создава потреба од обезбедување на рекреативни содржини за поквалитетен живот.
Она што до сега беше запуштено место, за брзо ќе се претвори во урбано уредена зелена површина и реквизити за деца. Дополнително на тоа ќе се постават специјални елементи за инклузија.
Фондацијата „Ице Бегов“, нивната општествена одговорност ја изразуваат постојано преку нивното делување и важат за пример кој треба да ни служи во поглед на создавање квалитетни вредности.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *