ЗAПОЧНАА БОЖИКНИТЕ ПОСТИ, ВОЗДРЖУВАЈТЕ СЕ ОД МРСНА ХРАНА, ЛОШИ МИСЛИ, ЗБОРОВИ И ДЕЛА

Целта на постот е да се „исчистат“ духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела. За време на Божикниот пост посни се и сите славски трпези.
Постот ќе трае 40 дена, односно до Божик 7-ми јануари – денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28-ми ноември, а завршува на Бадник, 6-ти јануари.
Македонската православна црква, за постот вели дека под пост, во поширока смисла на зборот, се подразбира севкупниот наш христијански живот и начин на постоење во Црквата, опфаќајќи ја тука и молитвата.
Божикниот пост е втор по должината на траењето, веднаш по Велигденскиот. Во однос на „строгоста“ за употреба на храна, Божикниот пост е „поблаг“, бидејќи дозволува користење на вино, зејтин и риба. Строгиот пост на вода се налага во првата и последната недела, како и секоја среда и петок.
No photo description available.
 
 
 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *