ЗАПОЧНА 14-ТО ИЗДАНИЕ НА ГРАФИЧКАТА РАБОТИЛНИЦА „СОФИЈА“ ВО БОГДАНЦИ

И покрај отежнатите услови заради пандемијата со КОВИД-19, вчера во Богданци започна 14-то издание на Графичката работилница „Софија“. На годинешната главна сесија учествуваат шест млади и талентирани уметници од ликовните академии во Србија, Хрватска, Италија и Македонија.
„Беше голем предизвик да се организира работилницата, но одлучивме да не дозволиме пандемијата да ѝ застане на патот на уметноста. Го редуциравме бројот на учесници и преземавме низа мерки, со цел настанот да се одвива со целосно почитување на протоколите за заштита од КОВИД-19. Искрено веруваме дека токму уметноста и креативноста ќе нѝ помогнат полесно да го пребродиме овој тежок период. Се надеваме дека идната година ќе може да ја организираме работилницата со целосниот капацитет и достојно да го одбележиме 15-годишниот јубилеј“, велат од Здружението на граѓани Графичка работилница „Софија“ Богданци, кое е организатор на настанот.
Ментор на работилницата е Сања Жигиќ, асистент на Факултетот за уметности во Нови Сад, а почетокот на главната сесија беше одбележан со отворањето на нејзината самостојна изложба во Домот на културата во Богданци. Работилницата ќе трае до 30 Август, а ќе биде затворена со завршна изложба, која исто така ќе биде поставена во Домот на културата. Главен поддржувач на настанот е Печатница „Софија“ Богданци, а одржувањето е помогнато и од Министерството за култура и општина Богданци.
Графичката работилница „Софија“ првпат се одржа во 2008 година и до сега низ неа продефилираа повеќе од 200 млади графичари од целиот регион. Улогата на ментори ја имаа истакнати графичари и универзитетски професори од Македонија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *