ЗАБЕЛЕЖИТЕЛЕН НАСТАП НА ГРАДСКИОТ МЕШАН ХОР „ГОРТИНИЈА“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ФЕСТИВАЛ „МУЗИКА И МОРЕ“ ВО ПАРАЛИЈА, ГРЦИЈА

Од 17 до 22 септември се одржува Меѓународниот хорски фестивал „Музика и море“во прекрасното село Паралија, Грција, туристичко приморско село сместено на западниот брег на Термајскиот залив и во сенката на Олимп. Со свој репертоар од 15 минути на овој фестивал настапи и градскиот мешан хор „Гортинија“ од нашиот град, под диригентското водство на професорот Илија Атанасов. Хорот имаше одличен настап за што доби и Пофалница.
Инаку, Фестивалот има два дела: натпреварувачки и неконкурентен. Настапуваат Младински хорови , Машки и женски хорови , Мешани хорови , Вокални групи и Народна музика од повеќе земји, меѓу кои Македонија, Финска, Словачка, Романија, Бугарија, Мексико.
Сепак, ликот и главниот концепт на двата дела е спојување на музика, одмор, дружба и забава. Идејата на Фестивалот е да ја доближи музиката до луѓето и да ја претстави музиката на улиците и плоштадите во Паралија, Олимпик Бич и Катерини.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *