ЗА ТРИ МЕСЕЦИ ВО МИГРАНТСКИОТ КАМП „ВИНОЈУГ“ ЕВИДЕНТИРАНИ 4.681 МИГРАНТИ

Само во последниот квартал во времениот камп за мигранти Винојуг кај Гевгелија, се евидентирани 4.681 лице, наведуваат од Министерството за внатрешни работи.
Од нив 4.594 биле вратени во Грција од каде што се обиделе нелегално да влезат кај нас. Од вкупниот број, 197 биле жени, 54 деца, 38 малолетници без придружба и 26 баратели на азил.
Според земјите на потекло, најго9лемиот број биле од Сирија, а потоа Палестина, Пакистан, Алжир, Египет, Нигерија, Конго, Камерун, Сиера Леоне, Непал и Кина.
 
Според Министерството за внатрешни работи, само во септември годинава биле откриени 16 случаи во кои било спречено криумчарење на 228 емигранти од кои најголемиот дел од земји на Блискиот Исток.
„Според земјата на потекло, најголем број криумчарени емигранти се од Сирија и тоа 161, 30 од Конго, 14 од Ирак, петмина од Турција, четворица од Ангола и Пакистан и помал број од други земји“, наведуваат од МВР.
15 лица, меѓу кои и државјани на Србија, биле осомничени за сторени 11 кривични дела „криумчарење емигранти“ и четири кривични дела „соучесник во криумчарење емигранти“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *