ЗА САМО ТРИ ДЕНА ВО ГЕВГЕЛИЈА 69 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19

Омикронот го зголеми преку ноќ бројот на активни случаи на ковид во земјава, и тој  изнесува 8.209, што е раст од над 1.300 случаи за само едно деноноќие. И во Центарот за јавно здравје Велес, ПЕ Гевгелија, за само три дена регистрирани се нови 69 случаи на Ковид-19, додека само во текот на вчерашниот ден тој број изнесуваше 32. 

Како што пред некој ден изјави за ТВ Нова 12 директорот на Општата болница со Проширена дејност Гевгелија, Митко Крџев,  хоспитализираните десет пациенти од модуларната ковид болница се префрлени на лекување во невропсихијатрискиот оддел, а модуларната болница, поради зголемениот број на болни, е ставена на користење за прегледи ,контроли и примање на дневни терапии на пациенти со полесна клиничка слика.

Во Гевгелија, во моментот се активни 158 случаи на Ковид-19, а од почетокот на пандемијата заболеле 3016 граѓани.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *