ЗА ПРВ ПАТ ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ ДОБИЕ ПАРК ЗА ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИ

Општина Гевгелија неодамна најави, по примерот на некои општини во Македонија, изградба на модерен Парк за миленици. Паркот за миленичиња ќе биде ограден простор каде што граѓаните со своите миленичиња можат да дојдат, а миленичињата да се растрчаат, но и да рекреираат. Со ова ќе им се излезе во пресрет на барањата на граѓаните за локација на која ќе имаат можност за рекреација на нивните домашни миленици. Како што сме информирани, сите оние жители кои чуваат домашни миленици, односно кучиња, наскоро ќе можат, освен тоа што ќе ги шетаат во близина на Вардарски рид, со своите четириножни пријатели да уживаат во нивната игра во Паркот на миленици.
Овој парк треба да се изгради на „триаголникот“ спроти фабриката „Вори“, меѓу надвозникот кој води кон Вардарски рид и двете улици, едната која води кон мотел „Вардар“ и другата која води кон дискотеката „Де Факто“ . Овој простор е осветлен, следува негово чистење и оградување, а потоа треба да се монтираат реквизити за забава на милениците и клупи за сопствениците, како и специјални канти наменети за отпад од милениците.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *