ЗА ПРВ ПАТ ФОРМИРАН ПИНГ-ПОНГ КЛУБ ВО ГЕВГЕЛИЈА-„ГЕВДИОН 2023“

Спортскиот пинг-понг клуб “Гевдион 2023” – Гевгелија е формиран со цел промоција, зголемување на интересот и поттикнување на граѓаните активно да се вклучат во спортот односно развој на пинг-понгот во Гевгелија. Идејата за формирање на Клубот е произлезена од традиционалниот хуманитарен турнир во пинг-понг кој изминативе години го организира Општинската организација на Црвен крст Гевгелија и волонтерите. 

Следејќи ги стапките на младите во заедницата, овој клуб реши да придонесе за развој на пинг-понгот во Гевгелија, поголема вклученост на младите, но и повозрасните, уште од училишните денови за време на часовите по спорт, и надвор од тоа преку рекреативни и професионални тренинзи со цел зајакнување на индивидуалните и колективните вештини за овој спорт и се разбира професионално екипирање и натпреварување. Претседател на клубот е Тони Кавазoв со поддршка од спортските ентузијасти и поддржувачи на идејата. 

Член на клубот може да биде секој граѓанин љубител на спортот. Како клуб изразуваме благодарност до градоначалникот на Општина Гевгелија што ја подржа нашата иницијатива, а воедно упатуваме повик до сите општествено одговорни компании и поедници да се вклучат и го подржат клубот кој за прв пат во историјата на Гевгелија е формиран. Заеднички да испишеме нова историј на клубот и на спортот во Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *