ЗА ОСУМ МЕСЕЦИ ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА РЕГИСТРИРАНИ 114 ПОЖАРИ, ТППЕ ИНТЕРВЕНИРАЛА ВО ГАСНЕЊЕ НА 164 ПОЖАРИ ВО РЕГИОНОТ.

Изминатово лето беше долго, топло и врело, бидејќи секојдневно на подрачјето на Општина Гевгелија имаше по некој пожар. Некои од пожарите брзо беа локализирани, но некои беа долготрајни и застрашувачки.

Затоа, и единицата на ТППЕГевгелија беше постојано присутна на терен и во вонредна состојба. Благодарејќи на ваквата мобилност и навремените интервенции, секак, и поддршката од воздух, најголемиот број пожари беа навреме изгаснати или ставени под контрола. Од почетокот на годината, па, се до 8 септември 2024 година, односно за 8 месеци, во општина Гевгелија биле регистрирани 114 пожари. Најмногу пожари – 76 се случиле на отворен простор, при што огнената стихија зафатила површина од 435 хектари. Досега биле локализирани 9 шумски пожари, 6 на стрништа, 2 пожари зафатиле површини со жито, едно лозје, додека другите 46 пожари се појавиле на други отворени површини.

Загрижувачки е што дури 12 пожари избувнале на дивите депонии, кои претставуваат најголемо жаришта за пожар, особено во услови кога температурите се многу високи, што беше случај летово. Од вкупниот број пожари 9 биле во затворен простор, 10 на сообраќајни средства, поточно, 4 на товарни и 6 на патнички возила. Летово, пожарите на подрачјето на Општина Гевгелија не стивнуваа, буквално се појавуваа скоро секој ден. Во месец јуни, ТППЕ- Гевгелија имала 18 интервенции, од кои 12 на отворено, 5 шумски и 1 техничка. Во јули, избувнале дури 29 пожари, а тоа значи дека просечно пожар имало скоро секој ден, и тоа, 19 на отворено, 3 биле шумски, 5 технички, 1 на сообраќајнo средство и 1 на останато. Во август месец, бројот на пожарите и интервенциите е преполовен – на 13, од кои 5 на отворено, 2 шумски, 3 сообраќајни средства, 1 техничка и 2 на објекти.

ТППЕГевгелија во текот на осумте месеци од годината интервенирала за гаснење на вкупно 164 пожари, од кои 35 во Богданци и 13 во Дојран, на чии подрачја дејствува ТППЕ- Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *