Покрај зимскиот празник на св. Атанасиј (Танасовден – зимен) нашиот народ празнува уште еден празник посветен на овој светец. Стефан Тановиќ вели дека во Гевгелиско св. Танас го празнувале и мажите и жените. Особено го празнувале орачите за од град.
На денешен ден се празнува преносот на неговите мошти и чудата произлезени од нив. Атанасиј Велики бил голем борец за вистинското православие.
Денес именден празнуваат Атанас, Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…
Во Македонија свети Атанасиј има силен култ. Нему му се посветени многу цркви.