ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ“ ВО КРУШЕВО ТОШЕ ПРОЕСКИ ВЕЛЕШЕ:„ОВДЕ МИ Е МИРОТ, И ПОСЛЕ СЕ, ЗНАМ ДЕКА ЕДЕН ДЕН ЌЕ ЗАВРШАМ ТУКА“

Денес е Св. Преображение. Празникот секоја година се одбележува на ова место близу Крушево. Манастирот го добива името по денешниот празник, а за неговата изградба се погрижи нашиот никогаш непрежален Тоше Проески заедно со крушевчани. Тој слободното време често го поминуваше на ова место и за истото велеше:
“Овде ми е мирот и после се’, знам дека еден ден ќе завршам тука”.
Штом се стигне во Крушево, оттука на Гумење, погледот го привлекува кривулестиот пат покрај историската месност Слива (тука била крвавата битка од Илинденското востание), па се до ридот каде е манастирот „Свето Преображение“. И секогаш, кога се спомене овој манастир- сѐ асоцира на Тоше Проески. Без исклучок.
Манастирот има и своја историја и легенда.
– Кога почна да се гради во 1986 година, наидовме на остатоци од црква, помала, од 13-иот, а потоа и од 16-век. Остатоците од ќерамидите упатуваа на тоа. Оваа црква се гради врз основа на историски претходната „Свето преображение“. Не случајно Тоше се заинтересира зашто зафатот за манастирската обнова го покренаа неговиот татко и чичко. Уште како дете беше тука, да помага, како што се случуваше речиси и до последните мигови на кобната сообраќајна несреќа пред 11 години, објаснува емотивно Ѓоше Илиески.
Манастирот има своја легенда. Со црквата бил на границата на атарите на крушевските села Рилево и Селце. Имал поглед на Пелагониско и на Пуста Река. Легендата говори, а Ѓоше Илиески вели дека според сведочењето на старите жители, било вистина, дека поради тоа што жителите не сакале да го почитуваат и да го одбележуваат денот на црквата (свето Преображение на 19 август), селото Рилево го зафатило силно невреме и поплава. Го однело целото, па и малото селско манастирче. Рилево било распослано во месноста Селиште, но откако било уништено од надојдената вода, се обновило на блиска локација. Оттогаш населението се вратило да го почитува денот – свето Преображение на 19 август.
-Тоше секогаш кога доаѓаше, до кобната сообраќајна несреќа, овде, во манастирот, го наоѓаше духовниот мир. Простор во кој беа присутни тој и неговите другари. Тие, често, учествуваа и во изградбата. Негова замисла беше да одржи хуманитарен концерт на овој простор. Но, кобната сообраќајна несреќа го спречи во намерата. Тоше имаше замисла, по правењето на патот до манастирот, да се одржи тој хуманитарен концерт. А токму и својата венчавка сакаше да ја направи во манастирот, вели Ѓуше Илиески.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *