ЗА ДВА ДЕНА ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ 600 ГЕВГЕЛИЧАНИ ПРОТИВ КОВИД-19

Денеска и утре на двата вакцинални пункта во гевгелиската Општа болница со проширена дејност,против Ковид-19 ќе се вакцинираат вкупно 600 граѓани на возраст над 60 години од општините Гевгелија,Богданци и Дојран.
Директорот Митко Крџев потврди дека повиканите граѓани кои претходно биле пријавени преку ,,Мој термин,, ќе се вакцинираат со Астра Зенека и ги замоли на овие горештини да се придржуваат на термините во кои се повикани да примаат вакцина за да се избегнат гужвите пред вакциналните пунктови.
Најави дека масовната вакцинација,само за пријавените граѓани на ,,Мој термин,, ќе продолжи во текот на наредната недела кога ќе пристигнат вакцините од кинескиот производител ,,Синовак,,.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *