ВТОРО ИНКЛУЗИВНО ПЛАНИНАРЕЊЕ „АЈДЕ СИТЕ ЗАЕДНО ВО ПРИРОДА“ НА ФОНДАЦИЈАТА „ИЦЕ БЕГОВ“ И ЗПСК „КОЖУФ“

На планинарскиот дом „Томе Шутов-Кротки“, во пазувите на прекрасната планина Кожуф, по втор пат во неделата, на 16 јуни, Фондацијата Ице Бегов и ЗПСК КОЖУФ Гевгелија го организираа инклузивното планинарење под мотото “АЈДЕ СИТЕ ЗАЕДНО ВО ПРИРОДА”.
 
Подеднакво за сите се отворија вратите кон убавините на природата. Уште еднаш се покажа дека без разлика на попреченоста, сите заедно можат да уживаат во една ваква успешно организирана планинарска авантура. Ден исполнет со многи планински активности, ден полн со смеа, радост, дружба, и незаборавни моменти.
 
Со инклузивното планинарење сите учесници научија да ги ценат различностите и меѓусебно да се поддржуваат по патот кон целта. Планината е одлично место каде се рушат сите бариери и предрасуди.
 
Организаторите и овој пат докажаа дека сите лица треба да добијат рамноправна основа за реализирање на својот полн потенцијал.
Мотото на ваквиот настан останува ист
„Заедно можеме да го направиме светот подобро место за живеење за сите нас.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *