ВТОРА РАБОТИЛНИЦА НА НВО ПОДДРШКА ОД ПРОЕКТОТ “ЕДНАКВИ ПРАВА ЗА СИТЕ”

Здружението на граѓани „Поддршка“ од Гевгелија го спроведува проектот „Еднакви
права за сите“. Покрај другите активности, планирани се и три еднодневни работилници
наменети на институциите кои го третираат семејното насилство и дискриминацијата.
Со овие работилници се очекува учесниците да ги подобрат своите вештини и знаења за оваа проблематика која е доста присутна во секојдневниот живот.
 
Денес, четврток, 25.01.2024 година се одржа втората
работилница на оваа тема на која присуствуваа 24 претставници на повеќе институции . На работилницата се обработија повеќе случаеви од праксата, се разви добра и конструктивна дискусија а за повеќе дилеми се изнајдоа решенија и
можности со цел помош и поддршка на лицата кои се изложени на некаков вид на насилство и дискриминација.
Третата работилница е планирана за 22 февруари.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *