ВТОРА НАГРАДА ЗА КАРИКАТУРАТА НА АРМЕНД АЈРЕДИНИ НА КОНКУРСОТ ОРГАНИЗИРАН ОД МНР НА ХОЛАНДИЈА

Карикатурата изработена од Арменд Ајредини од Македонија го освои второто место на регионалниот конкурс за карикатури организиран од Министерството за надворешни работи на Холандија и организацијата Картунмувмент. Првата награда му беше доделена на Душан Перишиќ, карикатурист од Србија.
Амбасадорот Дирк Јан Коп ги објави победниците и ја отвори изложбата од избрани дела која ќе биде претставена во сите шест главни града на државите од Западен Балкан.
По повод Меѓународниот ден на слободата на медиумите Министерството го објави конкурсот на кој се пријавија 95 уметника со вкупно 186 дела. Независното жири составено од експерти од сите шест држави избра 44 карикатури кои ќе бидат изложени во Ист Гејт Мол во Скопје до крајот на месецот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *