ВТОР МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ „НИКОЛА ГЕЛЕБЕШЕВ 2024“

И оваа година ќе се одржи Меморијалниот турнир во мал фудбал во чест на гевгелиската голманска легенда Никола Гелебешев. На турнирот, кој ќе започне на 15 јули, може да се пријават екипи во шест категории и тоа генерации 2005/2008, 2009/2010, 2011/2012, 2013/2014, 2015/2016 и генерација 2017. Сите натпревари ќе се играат на игралиштето на ДТВ „Партизан“, веднаш до градскиот стадион, а пријавувањето е на мобилниот телефон 077 827 117.
Со овој турнир младите фудбалери ќе му оддадат почит на големото фудбалско име, на неговата непоколеблива посветеност и љубов кон фудбалската игра, и на свој начинќе го продолжат фудбалското наследство кое Гелебешев го остави на младите генерации.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *