ВРЕМЕПЛОВ : ВО ГЕВГЕЛИСКАТА ЦВЕЌАРНИЦА ВО 1957 ГОДИНА БИЛЕ ПРОИЗВЕДЕНИ ПЕТ МИЛИОНИ КАРАНФИЛИ!

На 24 јули 1957 година весникот „Нова Македонија“ ја објавува следната вест од Гевгелија, во која за одгледувањето каранфили зборуваат Виолета Мицевска, Тодорка Грозданова, Блага Стоилова, Љуба Трајкова и Јана Петрова
„На 4,5 хектари, во непосредна близина на Гевгелија, се подигнати девет оранжерии во кои се садат и одгледуваат каранфили. Тоа е Гевгелиската цвеќарница која работи во рамките на Комунално-производственото претпријатие. Минатата година од цвеќарницата се собрани три и пол милиони каранфили. Годинава се предвидува да се соберат околу пет милиони стракови.
Убаво е да се работи со цвеќето, особено кога го има во изобилство-вели Виолета Мицевска, која веќе шест години работи во една од оранжериите за одгледување на каранфили, заедно со Тодорка Грозданова, Блага Стоилова, Љуба Трајкова и Јана Петрова. Тие се грижат за својата хала, почнувајки од садењето, плевењето, надгледувањето, па до берењето и сортирањето на каранфилите.
-Најтешко е садењето. Еве, денес во нашата хала садиме нови каранфили од холандските сорти. За еден ден ќе го завршиме садењето и ќе поминеме на работа во друга хала, велат тие. Новите каранфили ќе се засадат на три хектари и тоа во оранжерии.
Работната организација за оранжериско производство на цвеќе „Цвет“ е формирана 20 години потоа, во 1977 година, по одделувањето од Комуналното претпријатие.
Христијанската легенда зборува дека каранфилот за прв пат се појавил на светот, кога Исус Христос го носел крстот, од солзите кои ги ронела Дева Марија никнале каранфили. Постојат над 300 сорти и околу 100 видови различни хибриди каранфили, а нивниот број постојано се зголемува. Цветовите му се познати по својата способност да се задржи долго време (2-3 недели) и затоа се идеални за цветни букети.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *