Општинската изборна комисија денес им ги врачи уверенијата за избор на новиот градоначалник на Општина Гевгелија Андон Сарамандов и на новоизбраните членови на Советот на Општина Гевгелија. На свеченоста во малата сала на Народниот театар, претстедателот на ОИК Митко Ризов им ги врачи уверенијата за избран градоначалник и за избрани членови на Советот на Општината. Притоа, Ризов им посака на новоизбраниот градоначалник и на новите членови на Советот на Општината успешна работа.
Врачувањето на уверенијата уследи по прогласените конечни резултати на Локалните избори 2021 од страна на ДИК. На вториот круг на гласање, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата „Обнова на Македонија“ Андон Сарамандов, од вкупно 13.266 гласа освои 7.546 гласа или 56,88%. Додека кандидатот на СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Сашо Поцков освои 5.130 гласа или 38,67%.
Советот на Општина Гевгелија брои 19 членови. Според освоените гласови во првиот круг од гласањето на Локалните избори 2021 за членови на Советот на Општина Гевгелија, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“во новиот советнички состав ќе биде застапена со 9 членови, д-р Патрик Матх, Ѓорге Попов, д-р Елена Хаџи Николова, Надица Ристовска, Саше Стојиловски, Слаѓана Стаменковска, Златко Митров,Андријана Бегова и Сашко Проданов.
СДСМ и коалицијата „Најдоброто за Гевгелија“ ќе има 7 членови
Миле Атанасов, Билјана Демерџиева, Тодор Ристов, Софија Тошева Раманчева, Виктор Кралев, Елизабета Сивова и Александар Пандовски.
Независната листа на Томе Ќичуков ќе ја претставува Томе Ќичуков,
Од Левица во Советот влегува Саше Јанчев
Додека од Движењето „Одлучно за промени“- ЛДП и ДОМ во Советот ќе партиципира д-р Петар Апостолов
Првата конститутивна седница на Советот на Општина Гевгелија се очекува до крајот на неделата.