ВОЛОНТЕРИ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ГЕВГЕЛИЈА ВО ХУМАНИТАРНА ДОНАТОРСКА АКЦИЈА “ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО”

Клубот на млади и волонтерите при Општинската организација на Црвен крст Гевгелија на ден 29.08.2024 год. на градскиот плоштад во Гевгелија реализираа хуманитарна донаторска акција со забавно катче и друштвени игри за деца и млади.
Хуманитарната акција “За посреќно детство” беше реализирана со цел собирање на донации на училиштен прибор и финансиски средства за набавка на потребните школски материјали за оние кои им е најпотребно.
Под мотото “За ведри дечиња со полни школски ранчиња” голем број на граѓани и компании се приклучија кон целта на акцијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *