ВО ТРАДИЦИОНАЛНАТА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА НА КМФ МИРАВЦИ СОБРАНИ 29 ЕДИНИЦИ КРВ
На ден 30 јули (вторник), Црвен крст Гевгелија во соработка со Институтот за трансфузиона медицина ја спроведоа традиционалната крводарителска акција на КМФ Миравци.
И оваа година на турнирот во прв план беше хуманоста на граѓаните прикажана на дело со вкупно собрани 29 единици крв.
Годинава традиционалната наградата – велосипед за најсреќниот меѓу хуманистите му припадна на Крсте Ѓуров.
Крводарителската акција беше спроведена со логистичка поддршка од волонтерите од Клубот на млади.