ВО ТЕК Е УПИСОТ НА УЧЕНИЦИ ВО ООМУ „ВАСО КАРАЈАНОВ“
Во тек е уписот на нови ученици во Oпштинското основно музичко училиште „Васо Карајанов“- Гевгелија за учебната 2021/2022 година. Уписот започна од 15 мај , а ќе трае до 31 мај, 2021 година.
Како што е наведено во конкурсот за упис, во класата по пијано и виолина ќе се запишуваат ученици од прво одделение, а во класата по балет, кларинет и флејта ученици од четврто одделение.
Информации за запишување можат да се добијат на телефонскиот број: 070/320-892 и на меил-адресата: vasokarajanov@yahoo.com.
Уписите ќе се вршат по протоколот за запишување ученици изготвен од Владата на РМ со предвидените мерки за заштита од Корона вирусот.