ВО СИДНЕЈ, АВСТРАЛИЈА МАКЕДОНЦИТЕ ФОРМИРАА РАГБИ ТИМ „МАКЕДОНСКИ ЛАВОВИ“
Македонскиот рагби лигаш ги одигра првите два пробни натпревари по своето формирање. Првиот , со екипата на Timbers го загубија со 34-32, за да на вториот, со екипата на Vietnam го добија со неверојатни 58-0 . Македонскиот тим е предводен од Шејн Фланеган, а капитен е легендарниот Пол Гален.
Екипата на „Македонски лавови“ е насочена кон Светскиот куп во рагби лигата во 2025 година Секако, има уште неколку пречки што треба да се решат пред Светското првенство да биде на дофат, но тие го направија првиот голем чекор . Сега, тренерот и капитенот подготвуваат играчи за Европското првенство во 2023 година.