ВО СЕЌАВАЊЕ НА БИЛЈАНА ИЧЕВА, ДОКТОРКАТА СО ШИРОКО СРЦЕ И УШТЕ ПОШИРОКА НАСМЕВКА

На денешен ден, пред три години, ја изгуби битката со коронавирусот, докторката со широко срце и уште поширока насмевка, Билјана Ичева.
 
Пред една година, на 7 април 2023, на Меѓународниот ден на здравството, беше откриена Спомен плоча на докторката Билјана Ичева, за целокупниот придонес за афирмација на дејноста на „Негорски бањи“ АД и особено уделот што го има дадено во делот на здравствените услуги во областа на физикалната терапија и рехабилитација унапредувањето на тераписката култура, здравствено социјалните потреби и сите активности што се од огромно значење за развојот на „Негорски Бањи“ АД с.Негорци-Гевгелија“, каде доктор Ичева го помина целиот свој работен век.
 
Таа наоѓаше убави зборови за сите свои пациенти, кои за неа секогаш беа „неговото височество“ пациентот. Тоа знаеа да го препознаат гевгеличани и другите кои доаѓаа во Негорските бањи, и затоа ја сакаа и ја почитуваа и како доктор и како личност.
Замина, но секогаш ќе остане жива во нашите сеќавања и во нашите срца.
Нејзиниот живот беше благословен, а сеќавањето на Неа ќе биде богатство за сите што ја познававаа,
Почивај во мир, драга докторке Билјана.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *