Како Претседател на Советот, во секојдневните ситуации, и како соговорник, Аце беше истиот-јасна и луцидна мисла, а во најсложените ситуации го бараше едноставното решение.
На сите оние кои ја имаа таа можност да го познаваат, и ден денес им недостигаат заедничките дружења, заедничките дискусии за многу интересни прашања, како од животот, така и од науката и политиката.
Аце беше секогаш со ведар дух, подготвен да помогне каде што може и колку што може, да најде добар збор за сите околу него.
Аце беше Човек,
Нека му е вечна слава.