ВО СЕЌАВАЊЕ НА АЛЕКСА ТРАЈКОВ, ПРАВНИК КОЈ БЕШЕ ВЉУБЕНИК ВО МУЗИКАТА И СПОРТОТ

Се навршија две години од прераната смрт на Алекса Трајков, правник, спортски работник и музичар.
Роден во Стојаково, по завршувањето на Правниот факултет во Скопје, доаѓа во Гевгелија каде работи во својата адвокатска канцеларија.
Се вклучува во спортскиот живот и долги години ја извршува функцијата секретар на ФК „Кожуф“.

Љубовта кон музиката го исполнува неговото слободно време како член на една од најстарите и најдобри фолклорни групи „Распеани гевгеличани“. Со нив учествува и добива голем број награди на фестивали во земјава и во странство, пренесувајќи го така фолклорното богатство на овој наш крај.

По заминувањето во пензија, се вклучува во работата на Здружението на пензионери во Гевгелија, каде е претседател на Комисијата за култура и Комисијата за статутарни и правни прашања. Раководи со женската пејачка група на Здружението на пензионери, свири во пензионерскиот оркестар и редовно учествува на манифестацијата „Пензионерите пеат“.
Нека му е вечна слава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *